Saturday, June 3, 2023

Одбојка

 Одбојка

Одбојката е групен спорт кој се игра на таков начин што две екипи од по шест играчи, одвоени со висока мрежа, ја префрлуваат топката преку мрежата до противничката екипа. По сервирањето од страна на едната екипа, играчите од другата екипа имаат право до трипати да ја удрат топката пред да ја префрлат топката преку мрежата. Бод се добива кога топката ќе падне во полето на противничката екипа, ако противничката екипа не успее правилно да ја префрли топката назад во полето на нивниот противник или ако противничката екипа заработи фаул.

Играта се игра до добиени три сета при што во секој сет треба да се освојат 25 бода, освен во евентуалниот петти сет кога се игра до добиени 15 бода. При тоа, победничката екипа мора да има два бода разлика во однос на противничката екипа,при освојувањето на потребниот број бодови за победа во тој сет. Во спротивен случај, сетот продолжува сè додека некоја од екипите не направи разлика од два бода.


Правила

 Правилата за одбојка може тешко да се следат, бидејќи тие често се менуваат. Сепак, многу од  правилата на спортот остануваат исти.

Можете да освоите поени во играта на два начина:

  1. Ставање на топката на подот во границите на страната на противникот од мрежата.
  1. Грешка (присилна или непринудена) од страна на вашиот противник, што ги прави неспособни да ја вратат топката преку мрежата и да ја вметнат на вашата страна


Позиции во одбојка

Во одбојката има 7 играчи: два примача, техничар, коректор, два блокери и либеро, но само 6 се во игра (блокерите се менуваат). Позициите почнуваат од долен десен агол на теренот и одат во спротивно од стрелките на часовникот, а ротацијата е во правецот на стрелките на часовникот.



Во позиција број 1 е техничар, во 2 е примач, во 3 е блокер, во 4 е коректор, во 5 е примач и во 6 е либеро (или блокер, зависи од ротацијата и планот на играта). Позициите 5, 6 и 1 се така наречени позиции на задна  или втора линија, а позициите 4, 3, и 2 се позиции на предна или прва линија.

Терен за одбојка

Полето за игра е во облик на правоаголник, со димензии 18 Х 9 м, окружен со слободна зона, која од сите страни е широка најмалку три метри. Полето за игра е поделено на две половини, одделени со мрежа, поставена на височина од 2,43 метри (за мажите), односно 2,24 метри (за жените).Слободниот простор за игра е просторот над теренот за игра кој е слободен без никакви пречки. Слободниот простор за игра мора да биде висок најмалку седум метри мерено од површината на теренот.



Изработиле:
- Михаела Кузмановска
- Ива Апостолоска